user

OKTA AD-SKOPJE

Oil and Gas

View the employees at

OKTA AD-SKOPJE

Overview

ОКТА е најголемиот снабдувач на горива во земјата, обезбедувајќи го пазарот со висококвалитетни производи кои ги задоволуваат последните локални и европски стандарди. Основана во 1978 година, компанијата е предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати во регионот. Како дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата Хеленик Петролеум, ОКТА постојано воведува меѓународни вештини, иновативни решенија и најнови технолошки трендови. Почнувајќи од јануари 2013 година, како одговор на промените на глобалниот пазар на нафтени деривати, ОКТА успешно се трансформираше од рафинерија во брзодвижечка и ориентирана кон клиентот, логистичка и трговска компанија. Преку трговија на големо ОКТА опслужува големо портфолио на клиенти, од земјава и регионов, од мали претпријатија па сé до големи индустриски објекти и владини институции. Благодарение на долгогодишното искуство и лидерство на пазарот, компанијата има развиено врвен логистички систем кој овозможува брзо и сигурно снабдување на клиентите со горива. Малопродажната мрежа на ОКТА се состои од современи бензински станици ширум земјата кои нудат висококвалитетни производи и услуги на крајните корисници. Во 2018 година, ОКТА како модерна енергетска компанија, во своето портфолио ги додаде производството на електрична енергија од обновливи извори и снабдувањето и менаџирањето енергија за своите клиенти. Поставувајќи ја безбедноста на прво место, ОКТА се залага да ја врши својата дејност однесувајќи се етички и одговорно кон општеството и животната средина.

  • 1000

    1000, Centar, Skopje, Municipality of Centar, City of Skopje, Skopje Region, North Macedonia

    Get Direction