user

Култура АД Скопје

Book and Periodical Publishing

Overview

Издавачката куќа КУЛТУРА А.Д. е формирана во 1945 година и денес со гордост може да се каже дека претставува бренд во издаваштвото во Македонија. Во својата долгогодишна издавачка дејност, почнувајќи од своите скромни почетоци кон средината од минатиот век се до влезот во новиот милениум, Култура објавувала и објавува книги од сите видови жанрови. Затоа денес Култура продолжува да чекори по добропрепознатливата насока во издаваштвото, трудејќи се да остане што е можно повеќе во чекор со современите трендови во светското издаваштво, да ги следи актуелностите во издавачката индустријата, и да излезе во пресрет на потребите на современите читатели. Години наназад со изданијата на Култура се оформиле и просветлиле безброј генерации – па затоа Ви препорачуваме истото да го направите и Вие. Култура ја има и најрепрезентативната книжарница во Македонија, која се наоѓа во центарот на сите збиднувања, на плоштадот Македонија во Ристиќевата палата, каде секој љубител на пишаниот збор е топло добредојден да ја посети и почувствува пријатната атмосфера која владее таму, како и топлината која произлегува од секоја полица, рафт или книга, нескромно наметнувајќи се на нејзините верни читатели. Традицијата продолжува и понатаму!

  • Skopje 1000

    Skopje 1000, Orce Nikolov, Debar Maalo, Centar, Skopje, Municipality of Centar, City of Skopje, Skopje Region, 1000, North Macedonia

    Get Direction