user

GSIX.academy

Education Management
img No Team Available

Overview

Искуството, вредностите и практиките кои ги поседуваме и стекнавме во нешто повеќе од една деценија активна инволвираност во IT светот ни постави нова мисија. Започнавме нова приказна наречена GSIX / academy. Се стремиме да креираме компетентен и квалитетен кадар кој што е способен веднаш да одговара на светските IT трендови. Поставивме вредности и ветувања дека кадарот кој ќе излезе од нашата академија ќе биде најдобар од најдобрите, ќе поседува програмерски мајндсет, ќе одговара на барањата на клиенти од најразлични индустрии и ќе се усоврши во последните достапни технологии. Покрај сеопфатното изучување на програмски јазици и технологии, нашиот кадар ќе се приспособи на трендовите кои ги наметнува работата на далечина и gig-економијата. Идентичен приоритет ќе добие и развивањето на “soft skills“ кои е пожелно да ги поседува секој програмер. САКАМЕ И ЌЕ ВЕ НАУЧИМЕ ДА БИДЕТЕ ТОА ШТО СМЕ НИЕ!